20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија го возврати ударот – Еве го нивниот најнов потег

Русија ќе протера 60 американски дипломати како одговор на неодамнешната одлука на Вашингтон да протера исто толку руски дипломати поради случајот „Скрипал“.

Исто така, Москва најави затворање на американскиот конзулат во Санкт Петербург.

Ова е прва реакција на Русија откако повеќе од 25 земји протераа руски дипломати во знак на солидарност со Велика Британија по труењето на поранешниот двоен руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Тие на 4 март беа најдени онесвестени на клупа во Солсбери, јужна Англија.

Според последните информации состојбата на Јулија се подобрува, додека нејзиниот татко сè уште е во критична состојба. Велика Британија соопшти дека тие се отруени со нервниот гас „новичок“ и обвини дека зад нападот стои Русија. Москва ги отфрли обвинувањата и бара цврсти докази од Лондон.

Спонзорирано: