18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата на нозе: Киднапиран од својот дом е градоначалникот на Триполи

Градоначалникот на либиската престолнина Триполи го киднапирале непознати лица, соопштија тамошните власти.

Абдул Рауф Бејт ал-Мал бил киднапиран синоќа од неговиот дом и одведен на непозната локација. Причините за киднапирањето засега не се познати.

Градското собрание соопштило дека во знак на протест нема да работи на неодредено време и ги повика властите да направат сè што е потребно за ослободување на градоначалникот.

Либиското Министерство за внатрешни работи соопштило дека потрагата е во тек, без да наведе детали.

Спонзорирано: