13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Кина и Ватикан се пред постигнување историски договор

Договорот меѓу Кина и Ватикан за назначување бискупи би можел да биде склучен до сабота, изјави висок официјален претставник на Црквата поврзан со комунистичкиот режим.

Ватикан и Кина немаат дипломатски односи од 1951 година и околу 12 милиони кинески католици се растргнати меѓу две организации: „патриотската“ црква, со која управува кинескиот режим, и нелегалната црква, која го признава само авторитетот на папата. Прашањето за именување бискупи е во центарот на спорот меѓу Светиот Престол и Пекинг.

Меѓутоа, преговорите по ова прашање се во завршна фаза, изјави генералниот секретар на бискупската конференцијата на Кина, монсињор Гуо Јинцаи.

„Ако се оди според планот, договорот треба да биде потпишан до крајот на месецов, односно не подоцна од сабота“, додал тој. Со тоа, историското зближување меѓу комунистичка Кина и Католичката црква би се случило непосредно пред празнувањето на Велигден неделава.

Монсињор Гуо не прецизирал што ќе се реши со договорот, но весникот „Глобал тајмс“ ги цитирал експертите според кои станува збор за спогодба само за религиозните прашања, а не за дипломатските. Со други зборови, не постои можност Ватикан официјално да го призне режимот во Пекинг и Светиот Престол ќе продолжи да одржува официјални односи со ривалската тајванска влада.

Според повеќе различни извори, договорот во подготовка ќе се однесува само на назначувањето бискупи одобрени и од папата и од кинескиот режим.

Спонзорирано: