3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Џафери: Нема да ставам потпис во нечие друго име

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, побарал средба со претседателот Ѓорге Иванов. Одговор не добил, но вели дека се бара решение за законот за јазиците да стапи во сила.

Тој не открива кои се можните решенија, но вели дека ќе се прифати она што е најприближно до процедурите.

„Јас нема да се впуштам да ставам потпис во нечие друго име“, рече Џафери на брифинг со новонарите.

Џафери повтори дека должност и обврска на Иванов е да го потпише законот по второто гласање и дека со неговото однесување го крши Уставот.