11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Автомобил удрил 74-годишна скопјанка

Автомобил удрил во 74-годишна скопјанка во текот на вчерашниот ден.

Како што информираат од МВР, околу 19:35 часот на скопската улица „Анастас Митрев“ автомобил „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.К. (41), удрил во пешак.

Станува збор за 74-годишната А.Т., која се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што ѝ била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа.

Спонзорирано: