20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Здружението на социјални работници го осуди нападот врз нивен колега во Гостивар

Здружението на социјални работници на Македонија остро го осудува нападот врз колега- социјален работник во ЦСР – Гостивар и ја искажува својата загриженост заради се почестите случаи на насилство над стучните работници во Центрите за социјална работа во државата.

„Во изминатиот период до Здружението пристигнуваат се поголем број на дојави за вербално и физичко насислтво, закани и омаловажувања на социјалните работници. За жал, најчесто таквите случаи се премолчуваат и не се реагира адекватно. Како Здружение сметаме дека треба гласно да говориме за насилството од било кој вид, па дури и за насилството врз нас како стручни работници со што би покажале пример во општеството за неприфатливо однесување и предмет на најостра осуда“, реагира Здружението.
Тие апелираат до сите надлежни чинители за потребата од стандарди за безбедност на работно место, со што би се обезбедиле сите предуслови за во иднина социјалните работници да бидат безбедни на работа, како би испорачувале квалитетни социјални услуги во системот на социјална заштита.

Спонзорирано: