15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Тевдовски: Трезорот наскоро се отвора за јавноста

Граѓаните наскоро ќе можат на компјутер да видат како се троши секој денар од државниот трезор. Ова го најави министерот за финансии, Драган Тевдовски, на економскиот форум на тема „Македонската економија, помеѓу визија и дилема: предизвици на економските политики“, организиран од „Фајнанс тинк“.

Тој денеска најави дека од април ќе почне дебатата за воведување прогресивно оданочување со кое се предвидува за секој приход остварен над границата од илјада евра да се плаќа данок од 18 проценти. Според Тевдовски, приход од над илјада евра во Македонија остваруваат околу два отсто од граѓаните. Тој на форумот „Македонската економија меѓу визија и дилема“ посочи дека данокот на доход на приход до илјада евра ќе остане ист, односно 10 отсто.

Спонзорирано: