13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нови правила во образованието: На училиште ќе мора да одат децата од 3 години!

Франција стартува со реформи во образовниот систем. Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека училиштето ќе биде задолжително за сите деца почнувајќи од тригодишна возраст, место од шест години како што беше досега.

Според податоците на француското Министерството за образование, 97,6 отсто од децата во Франција веќе посетуваат настава на тригодишна возраст. Промената, според Макрон, ќе се спротивстави на нееднаквоста во најсиромашните области, каде родители не ги праќаат своите деца на училиште.

Макрон вети дека предучилишната настава во иднина ќе биде основен момент за францускиот образовен систем. Францускиот претседател, кој го нарече образованието како еден од неговите приоритети, го назначи невропсихијатарот Борис Кирулник да му помогне во оформувањето на предучилишната настава, во соработка со министерот за образование Жан Мишел Бланке.

Спонзорирано: