11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Милијарди долари загуба за „Гугл“

„Гугл“ изгуби голем случај на авторски права кој може да ја чини компанијата милијарди долари и да го промени начинот на кој технолошките компании пристапуваат кон развој на софтверот, објави Си-ен-ен.

Апелациониот суд соопшти дека „Гугл“ ги прекршил законите за авторски права кога го користел софтверот на „Оракл“, со отворен код на Јава за да ја изгради андроид-платформата во 2009 година.

Пресудата следи по најтешката осумгодишна битка меѓу „Гугл“ (GOOG) и „Oракл“ (ORCL).

„Оракл“ првпат го поднесе својот случај против „Гугл“ во 2010 година тврдејќи дека андроид-платформата ги крши двата патента што „Оракл“ ги има на својот софтвер Јава, сеприсутниот програмски јазик кој напојува сè од телефони до веб-страници.

Во 2012 година жирито утврди дека Јава не заслужува заштита според законот за авторски права. Две години подоцна апелациониот суд ја поништи пресудата, покренувајќи го прашањето дали употребата на AПИ на „Oракл“ го нарушила законот за авторски права.

Спонзорирано: