13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

И Црна Гора протерува руски дипломат

Владата на Црна Гора прогласи за персона нон грата еден руски дипломат акредитиран во Амбасадата на Русија во Подгорица. Таквата одлука следи откако 20 земји го следеа примерот на Лондон и протераа руски дипломати во знак на солидарност со Велика Британија во случајот „Скрипал“.

„Владата на Црна Гора донесе одлука да прогласи еден дипломатски претставник акредитиран во Амбасадата на Руската Федерација за персона нон грата и да ја повлече согласноста за дејствување на почесниот конзул на Руската Федерација во Црна Гора“, се наведува во соопштението.

Рускиот дипломатски претставник има рок од седум дена да ја напушти Црна Гора. Одлуката се носи откако двојниот агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка беа пронајдени на почетокот на месецов во бессознание на клупа во англискиот град Солсбери. Нивната здравствена состојба сè уште е критична.

Спонзорирано: