6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Додик има 17 службени возила, планира да купи уште две лимузини

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, планира да го збогати возниот парк. Веќе во април во план е да купи два нови автомобили, со што нивниот број во Кабинетот на претседателот ќе се зголеми на 19, колку што е и бројот на советниците на Додик.

Надлежните служби, според српските медиуми, распишале тендер за набавка на два нови службени автомобили за што е планирано да се издвојат околу 49 илјади евра, или 115 просечни плати во Република Српска.

Во тендерската документација е наведено дека новите металик црни лимузини мора да имаат мотор со јачина од 150 коњски сили, автоматски трозонски клима уред со дополнителни контрoли за климата, систем на воздушни завеси за патниците, а предните седишта да се прилагодуваат и по височина и за лумбалниот дел на грбот.

Спонзорирано: