5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКА

Таинствената „болест Х“ се заканува да го уништи човештвото

Светската здравствена организација (СЗО) од 2015 година објавува листа на десет можни епидемии за кои се бараат итни мерки како би се намалила штетата која можат да ја создадат.

Листата обично содржи називи на веќе добро познати болести, како ебола, зика или САРС, но и некои помалку познати како што се ласа треска или Марбург вирус.

Она по што овогодишната листа се разликува од претходните е што меѓу вообичаените вируси се нашло нешто што се нарекува „болест Х“.

Што всушност е таа мистериозна болест која СЗО ја смета за закана по човештвото и зошто е ставена на листата?

„Болест Х“ може да избие во било кој момент. Тоа може да биде мутација од веќе позната болест, како што е, на пример, грип. Злогласната епидемија на шпански грип 1918 година, една од најсмртоносните во историјата, заразила половина милијарда луѓе и убила 20 милиони.

Или тоа би можела да биде неоткриена болест која на луѓето се пренесува од животни, како што, на пример, бил ХИВ, кој се пренел од шимпанза и до денес однел 35 милиони жители.

„Болест Х“ може да биде и болест која намерно ја направиле и ја рашириле луѓето. И покрај тоа што е потпишана конвенција за биолошко оружје уште 1972 година, се знае дека Северна Кореја поседува 13 смртоносни агенси, вклучувајќи антракс.

Спонзорирано: