11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

СДСМ со уште една одлична супер вест која ги израдува граѓаните: Силен раст на просечната плата

Просечната нето плата за првпат во историјата изнесува повеќе од 24.000 денари, информираат од СДСМ.

Според официјалните податоци објавени од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во јануари оваа година изнесува 24.025 денари, што е за 5,6 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2017 година кога таа изнесувала 22.750 денари.

Воедно, ова е најголем раст на платите од 2010 година до денес.

Зголемувањето на минималната плата којашто сега за сите работници изнесува 12.000 денари ја откочи спиралата на раст на плати, а раздвижувањето на економијата дава реално видливи резултати.

Ова е уште еден во низата показатели што ги потврдува успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и докажува дека економијата се движи во позитивна насока.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на Планот за економски раст и мерките што обезбедуваат нови работни места, поголема помош за претпријатијата, повисоки плати, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани, велат од СДСМ.

Спонзорирано: