12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев се сретна со Ванхауте: Добредојдена е секоја препорака во остварување на реформите

Првиот човек на Владата, Зоран Заев по средбата со белгискиот експерт и поранешен посредник на ЕУ, Питер Внхауте и претставниците на ИРИ истакна дека Владата е отворена за соработка и добредојдена е секоја препорака со цел подобрување на нејзината работа во остварување на реформите.

Присутните го запознаа премиерот со практиките и препораките за управување во сферата на јавната администрација, препораки за односите на Владата и Собранието давајќи поддршка на актуелните реформите во државата, кои се со цел побрзо остварување на реформските приоритети подготвени од Европската комисија за исполнување на условите за влез во Европската унија како и аспирациите за членство во НАТО.

Премиерот Заев, претставувајќи го како голем пријател на Македонија изрази задоволство од посетата на експертот Питер Ванхауте, кој како поранешен посредник на ЕУ во Договорот од Пржино беше вклучен во изработка на предлозите за медиумските реформи.

Заев и Ванхауте разменија мислења околу актуелната политичка ситуација во земјава, оценувајќи ги како исклучително позитивни, економските мерки кои се преземаат за стабилна бизнис клима и привлекување на странски инвестиции преку воведување на нови економски мерки кои се темелат на фер и транспарентна распределба како и чекорите кои придонесуваат за јакнење на довербата меѓу Република Македонија и Република Грција.

На средбата беше констатирано, дека отворањето дијалог со опозицијата во државата, актуелното решавање на отворените прашања со соседите како и одржувањето на пријателска атмосфера, сигурно ќе донесе до просперитет за граѓаните на Република Македонија и соседните држави.

Спонзорирано: