3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето со ново изненадување: Ова е најновото метео предупредување од УХМР

Денеска ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови каде локално ќе наврнат над 15 л/м2.

Од четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на студена воздушна маса која ќе предизвика облачно време со повремени врнежи од снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд.

Локално ќе има услови и за појава на замрзнат дожд.

Најмногу врнежи ќе има во четврток, кога на повеќе места се очекува да наврнат околу 20 л/м2.

Во поголем дел од земјава ќе се формира помала снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми.

Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога врнежите ќе бидат претежно од дожд.