8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Украл автомобил, па нашол бебе на задното седиште (Видео)

Камерите на бензинкса пумпа снимиле момент во кој маж истрчува од автомобил кој го украл и предава бебе на работниците на пумпата.

Мажот е прикажан како истрчува од автомобилот и носи бебе во рацете.

Наводно украл автомобил во кој биле оставени клучевите внатре, а по кражбата сфатил дека на задното седиште има бебе.

Откако го предал бебето на работниците на пумпата, избегал во украдениот автомобил Киа Рио.

Половина час подоцна, петмесечното бебе е вратено на мајката. Украдениот автомобил е пронајден, а осомничениот се уште е во бегство.