9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Фејсбук изгуби околу 37 милијарди долари, Закерберг четири – еве и зошто

Компанијата Фејсбук изгубила околу 37 милијарди долари по скандалот со протекување лични податоци на повеќе од 50 милиони корисници.

Тоа ги исплашило инвеститорите, па вредноста на Фејсбук паднала за околу седум отсто, пренесе Си-Ен-Ен.

Извршниот директор и основач на „Фејсбук“ Марк Закерберг претрпел загуба од четири милијарди долари.

Падот на вредноста следи откако американските власти повикаа на истрага поради тоа што лични податоци на 50 милиони луѓе од Фејсбук се собрани и злоупотребени без одобрение.