21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ексклузивно: Воин на коњ, се отстранува или не?

По шпекулациите во дел од медиумите дека вечерва ќе се отстранува споменикот Воин на коњ, се огласија од Министерството за Култура.

– Почитувани сограѓани, немојте да потпаѓате под влијание на лажни вести дека се случува отстранување на споменици од Плоштадот Македонија во Скопје, велат од Министерството за Култура.

Од таму додаваат дека на Плоштадот во Скопје не се планирани ниту се преземаат какви било физички зафати.

Секоја друга поинаква информација е лажна вест, велат од Министерството.

Инаку вечерва помала група на граѓани се појави на централниот плоштад во Скопје, за како што велат тие, да го сочуваат споменикот Воин на коњ.

Оваа лажна вест силно одекна и на социјалните мрежи, особено на Твитер.

Спонзорирано: