7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возач починал од инфаркт додека возел цистерна

Возач доживеал срцев удар управувајќи со цистерна на магистралниот пат Делчево-Граничен премин Делчево.

Педесет и тригодишниот Б.М. од Богданци бил пронајден мртов на возачкото место во кабината.

Од увидот било констатирано дека по срцевиот удар, возилото почнало да се враќа назад и задниот дел на цистерната поминал на левата коловозна лента свртувајќи се во обратен правец. На патот и патната сигнализација нема никакво оштетување. Телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

Спонзорирано: