12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп ќе го олеснува извозот на одделни видови дронови

Американскиот претседател, Доналд Трамп, наскоро ќе воведе олеснување за извозот на одделни типови дронови на потенцијалните сојузници и партнери, изјавиле неименувани лица запознаени со тој план.

Како што пренесе „Ројтерс“, се очекува Трамп веќе до крајот на март да воведе поедноставни правила за продажба на дронови на основа на нова политика за беспилотни летала, а во рамки на првата фаза од регулирањето на воениот извоз.

Производителите на дронови во САД, кои се соочени со конкуренција, особено од Кинезите и Израелците, кои продаваат дронови под помалку строги услови, се залагаат за измена на правилата.

Белата куќа би требало да го обелодени овој чекор во рамки на иницијативата на Трамп „Купувајте американско“, за да се создадат нови работни места и да се намали американскиот трговски дефицит.

Организациите за заштита на човековите права и контролата на оружје, од друга страна, предупредуваат дека тоа би можело да предизвика насилство и нестабилност во регионите како Блискиот Исток и Јужна Азија.

Клучната работа на новата политика ќе биде намалувањето на бариерите за продажба на помали дронови, кои носат помал број ракети и покриваат пократки рути, а не поголеми модели, како што е „Предатор“.

Спонзорирано: