10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

На повидок решение на една од најголемите мистерии: Пронајден исчезнатиот авион МН370, станува збор за заговор

Дали е на повидок решение на една од најголемите мистерии на новото доба – исчезнувањето на авионот на линија МН370! (Фото: Билд/Дејли Стар)

Потсетуваме, 8 март 2014 година, авион на Малезија Ерлајнс на лет од Куала Лумпур кон Пекинг исчезнал од радарите над Индискиот океан. И покрај најголемата потрага во историјата, авионот не е пронајден.

Питер МакМахон, австралиски инжинер, тврди дека го пронашол исчезнатиот авион, а дополнително ги вознемири духовите со порака дека се работи за заговор.

МакМахон за Дејли Стар изјавил дека го пронашол авионот на летот МН370 користејќи сателитски снимки. Поминал неколку месеци истражувајќи слики од Google Eartha и NASA и го „пронашол“ срушеното летало на десет милји јужно од ненаселениот Раунд Ајленд, а северно од Маврициус.

МакМахон им рекол на новинарите дека испратил слики до Австралиската организација за безбедност при транспорт со порака дека тоа би можело да биде исчезнатиот авион.

Меѓутоа, американски официјални лица објавиле дека треба да се запре потрагата во Индискиот океан. Зошто? Питер МакМахон мисли дека има одговор и на ова прашање.

„Не сакаат да го пронајдат бидејќи остатоците од авионот се полни со дупки од куршуми, а потоа истрагата би се одвивала во сосема друг правец“, порачал австралискиот инжинер.

Спонзорирано: