13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Јанева: Предистрагата за „Сопот” останува – имаме друга теорија за случајот

Обвинителката Катица Јанева по денешното судење за предметот „Сопот“, рече дека и натаму останува отворена предистражната постапка што ја водат за осомничените во овој случај. Бараат меѓународна правна помош и имаат друга теорија за случајот.

Инаку, денеска СЈО се откажа од обвинението за случајот „Сопот“. Обвинителката Јанева рече дека нема докази со кои може да се утврди обвинението за конкретните обвинети.

Обвинителот Бурим Рустеми рече дека единствениот доказ на кој им се заснова пресудата е сведочењето на Бајрам Рамадани, кој исказот го дал под присила.

Рустеми тврди дека кривичното дело тероризам не може да се поврзе со обвинетите. Во предметот 10 лица се осудени за кривично дело тероризам.

Спонзорирано: