20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снимките од Кабинетот на Заев ќе се гледаат во судница

Судот го прифати брањето на претседателот на Владата, Зоран Заев, и неговите адвокати, снимките за „Поткуп“ да бидат изведени во пристство на јавноста. На следното рочиште на 26 март, во 10 часот, во судницата ќе бидат пуштени снимките што се обезбедени како посебни истражни мерки.

Заев на денешното рочиште во судот побара јавноста да не биде исклучена при презентација на снимките од две цедеа.

„Имајќи предвид дека сум премиер и претседател на најголемата политичка партија, барам од судот снимките што се објавени на интернет со најмалку два прекина да бидат јавно презентирани. Ова е со цел да повратам дел од загубената чест и углед во јавноста што ми беа нарушени со нивното делумно објавување“, рече Заев.

Неговиот адвокат, Филип Медарски, посочи дека снимките биле објавени за политичка егзекуција на Заев во јавноста. „Снимките веќе претходно беа објавени во јавноста на начин што со прекините им даваат сосема поинакво значење“, рече Медарски.

Обвинителката Валентина Бислимовска од Обвинителството за организиран криминал и корупција се изјасни дека е против ваквиот предлог бидејќи, иако се декласифицирани, тие може да се користат под строго определени услови во судска постапка.

Денеска исказ пред судот требаше да даде клучниот сведок, бизнисменот од Струмица, Иван Николов Сачевалиев, кој не се појави на рочиштето. Судијата рече дека има информација оти се јавил, но ќе биде сослушан на следните рочишта.

Судењето го следеа претставници на американската амбасада во Македонија и ОБСЕ.

Спонзорирано: