15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Татко истепал полицајци кои интервенирале поради насилство на неговиот син

Родител физички нападнал полициски службеници кои во трговскиот центар „Три Бисери“, претходно интервенирале поради тепачка во која бил инволвиран неговиот син.
Како што информираат од МВР, во текот на вчерашниот ден околу 04 часот наутро во полиција било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ пред угостителски објект во Трговскиот центар „Три Бисери“, Д.Ј. (31) и В.Ѓ. (27) од Скопје, физички биле нападнати од страна на С.С.(23) и уште три непознати лица.
Притоа, двајца полицајци кои во тоа време минувале во близината се обиделе, откако се легитимирале со службени легитимации, да го спречат насилството. Меѓутоа, С.С. со тупаница удрил еден од полициските службеници во пределот на лицето, по што му било возвратено и тој заедно со другите лица кои биле со него влегле во возило и го напуштиле местото на настанот.
Додека полицајците му пружале помош на еден од нападнатите, дошол Б.С. (50) (татко на С.С.) и физички ги нападнал.
Според информациите на МВР, од страна на екипа на Итната медицинска помош им била укажала лекарска помош на повредените, по што Д.Ј. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани телесни повреди. Телесни повреди во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ му се констатирани и на еден од полицајците кој бил задржан на лекување. За настанот е запознат и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, како и дежурен Јавен обвинител, по чии што насоки се работи на целосно расчистување на случајот.
Спонзорирано: