11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Путин слави уште еден триумф

Владимир Путин, според првите прелиминарни резултати на претседателските избори во Русија, освои победа и обезбеди уште еден мандат на чело на државата. „Раша тудеј“ пренесува дека Путин на изборите кои се одржаа денеска прославува уверлива победа.
Досега се пребројани 21 отсто од гласовите, повеќето од источниот дел на земјата, каде вчера се гласаше. Путин, според првичните информации, од пребројаните гласови, тој води со 72 отсто. Зад него е кандидатот на Комунистичката партија, Павел Грудинин со 15 отсто од гласовите, додека ветеранот Владимир Жириновски, кој се тркаше и со Борис Јелцин во 1991 година, е на третото место.
Изборите траеја вкупно 22 часа, поради 11-те временски зони, а најпрво гласаа жителите на далечниот исток на земјата, на полуостровот Камчатка, додека последни гласаа во областа Калинград. Се гласаше на вкупно 77.199 гласачки места. Иако опозицијата и невладините организации предупредуваат на бројни пропусти во изборниот циклус, резултатите се очекува да бидат соопштени наскоро.
Спонзорирано: