10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Единствена Македонија“ бара Заев да одговори на заканите на Еди Рама

Партијата „Единствена Македонија“ денеска преку соопштение го осуди целосниот молк на премиерот Зоран Заев за, како што велат оттаму, зачестените закани на албанскиот премиер Еди Рама спрема македонскиот суверенитет и интегритет. Особено ја истакнуваат најновата, како што наведуваат од партијата, воинствена изјава на Еди Рама во која рекол дека ќе ја нема Македонија ако не дозволи јазична федерализација.
„Вакавите загрозувачки изјави на Еди Рама, според правилата на општото меѓународно право може да се сметаат за загрозување на меѓународниот мир и безбедност. Затоа, ‘Единствена Македонија’ смета дека е созреан моментот владата на Зоран Заев да му обрне внимание на Советот за безбедност на Обединетитге нации за овие загрозувачки активности на Еди Рама по мирот и безбедноста, земајќи предвид дека Советот за безбедност на ОН како орган има примарна надлежност за меѓународниот мир и безбедност“, се наведува во партиското соопштение.
Спонзорирано: