23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Што ќе се случува со времето?

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, топло и доста ветровито. Ќе дува засилен повремено силен јужен ветер над 80 километри на час, а на планините и над 100 километри на час.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Највисоката темература ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, топло и доста ветровито.

Ќе дува засилен повремено силен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 25 степени.

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремен пороен дожд и ретки грмежи, особено повеќе врнежи се очекуваат во источните и североисточните делови на земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 5 до 11,а највисоката температура ќе достигне од10 до 18 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од среда се очекува позначително заладување со умерен северен ветер, а ќе има повремени врнежи од дожд и снег, освен во крајните југоисточни делови каде ќе бидат претежно од дожд.

Спонзорирано: