18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва се огласија од ДУИ во врска со Законот за јазици – еве што соопштија

Централното претседателство на ДУИ едногласно го поздрави усвојувањето на законот за употреба на јазиците во Собранието. Според ДУИ, овој закон го симболизира заклучувањето на нормативниот дел на Охридскиот договор, и воедно претставува важно поглавје на колективната активност.

Од партијата, информираат дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за време на состанокот се осврнал на политичката активност на Демократската унија за интеграција во изминатите 17 години, потенцирајќи ги сите изборни победи и партиските конгреси.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети меѓу клучните партиски достигнувања ги навел Охридскиот договор, територијалната поделба, законот за национални симболи, целосната официјална употреба на албанскиот јазик, признавањето на независноста на Косово, како и заедничките владини состаноци со Косово и Албанија. Како нивни достигнувања, Ахмети ги посочил и плоштадот Скендербег, одбележувањето на 100-годишнината од Азбуката, раѓањето на Мајка Тереза и албанското знаме, но и успесите за приближување кон Европската Унија, како што се кандидатскиот статус, визната либерализација и пристапните преговори.

„Пред нас останува силно да се адресираат и реформите на владеењето на правото и спорот со името како предуслов за членство во НАТО и ЕУ“, наведува ДУИ.

Состанокот почнал со едноминутно молчење во чест на генералниот секретар на партијата, Абдилаќим Адеми, кој почина минатиот месец.

Спонзорирано: