20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Предмалку се огласија од Американската амбасада: Од таму пристигна моќна порака по најновите случувања во Македонија

Попчаднево се огласи американската амбасада во Скопје.

Американската амбасада во врска со донесувањето на Законот за употреба на јазиците завчера, го повтори ставот на помошникот државен секретар Вес Мичел, кој во вторникот кажа дека важно е Собранието да продолжи со својата агенда и да се фокусира на потребните реформи, кои сите партии рекоа дека ги поддржуваат.

„Како што помошникот државен секретар Мичел кажа во вторникот, за време на неговата посета на Скопје, Македонија прави големи чекори во процесот на градење силна демократија.

Земјата има можност да оствари напредок кон членството во ЕУ и во НАТО, што мнозинството од сите граѓани го поддржуваат.

За да се оствари оваа ЕУ-НАТО иднина, важно е Собранието да продолжи со својата агенда и да се фокусира на потребните реформи, реформи кои сите партии рекоа дека ги поддржуваат“, велат од Амбасадата на САД во Скопје.

Од Амбасадата потсетуваат и на синоќешната изјава на премиерот Зоран Заев, кој рече дека „обврска и одговорност на владата и на политичките лидери е да ги унапредуваат интересите на сите граѓани во земјата“.

Што се однесува до Законот за употреба на јазиците, од Амбасадата потсетија и на изјавата на заменикот премиер Османи, кој во Брисел потврдил дека „Владата ќе го испрати Законот пред Венецијанската комисија за мислење и препораки, за да биде сигурна дека тој е во согласност со европските стандарди“.

Спонзорирано: