5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Сопственик на пекара казнет со 3.000 евра затоа што работи секој ден

Пекар во малиот град Lusigny-sur-Barse е казнет парично со 3.000 евра поради тоа што работи секој ден во неделата, пренесоа француските медиуми.

Францускиот закон предвидува еден ден одмор неделно за сите работници, а Седрик Вивре летово ја држел својата пекара отворена секој ден во градот со околу 2.000 луѓе.

Градоначалникот Кристијан Бранле и мештаните застанале во одбрана на Вивре и покренале петиција.

Мештаните тврдат дека на лето нема ништо полошо од затворени продавници кога се присутни многу туристи, а од голема важност е пекарата да работи секој ден.

Во овој мал град на лето доаѓаат туристи кои патуваат до езерото во блискиот шумски парк, пренесе Франс 24.

Од пекарата тврдат дека константната работа на лето е она што ја одржува пекарата во позитивна ситуација.

Вивре е свесен дека го прекршил законот, но е шокиран од висината на казната, па и натаму се надева дека таа ќе биде намалена или поништена.

Спонзорирано: