10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Влатко Стефановски во Еден на Еден: Се отрувме како глувци

Секогаш расположен за добар муабет, Влатко Стефановски и овојпат имаше одлично гостување во Еден на Еден. Со водителот Жаре разговараа и за религија и за рокенрол, за загадувањето во Скопје, за неговите патувања, гитарите, комбето, почесните докторати, Инстаграмот…

Стефановски вели дека заедно со Ранко Бубамара се еко-патрола низ Скопје и се појавуваат секогаш кога некој сака да сече дрвја низ градот. Тој признава дека околу него видел сѐ и сешто и дека пробал сѐ што сакал да проба.

Активен е на Инстаграм каде неговите фанови може редовно да ги следат неговите и авантурите на неговото комбе, но она по што во периодов најмногу е актуелен, се разбира, е неговиот нов албум „Мајчин јазик“.

Стефановски вели дека овој прв самостоен акустичен албум е одговор на целата агресија и бука во која живееме. Поради големиот интерес за концертната промоција на новиот албум на Влатко Стефановски, „Мајчин јазик”, по распродадените два концерти на 17 и 18 март, закажан е и трет концерт што ќе се одржи на 20 март.

Дотогаш, погледнете го разговорот со Влатко Стефановски во Еден на Еден:

Спонзорирано: