5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Привремениот градоначалник Александар по грешка испука куршум и рани едно лице

Предавач во средно училиште во Калифорнија случајно испукал куршум од пиштол во тек на предавање за јавна безбедност, пренесоа американските медиуми.
„Денис Александар, привремен градоначалник на градот Сисајд и резервен офицер на полициската администрација во Сенд Сити, за време на предавање за јавната безбедност во средно училиште вперил пиштол во таванот на училницата и случајно испукал еден куршум“, изјави шефот на полицијата, Абдул Приџен.
„Дел од испуканиот куршум и парчиња што паднале од таванот го повредиле 17-годишниот ученик Фермин Гонзалес“, додаде Приџен. Повредите на ученикот се површни и не се опасни по живот, објави полицијата. Училиштето соопшти дека предавачот Александар бил пратен на принуден одмор по инцидентот.
Повредениот ученик изјавил дека по пукањето, Александар за момент ја напуштил училницата, потоа се вратил, се извинил и продолжил да предава. „Излегов од предавањето за да се осигурам дека немам ништо во вратот“, додал тој.
Администраторот на училишниот округ изјавил: „Мислам дека многу родители се прашуваат зошто наставник вперил наполнет пиштол во таванот за време на предавање. Очигледно овој инцидент е резултат на непочитување на протоколот“.
Таткото на повредениот ученик изјавил дека сфаќа оти се работи за несреќен случај, но, сепак, некој можел да биде сериозно повреден.
Спонзорирано: