11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Од утре вакцинација на говедата против јазлестата кожа

Во согласност со Годишната програма за здравствена заштита на животните, Aгенцијата за храната и ветеринарство од утре почнува со спроведување на вакцинација на говедата против болеста јазлеста кожа.

Од Агенцијата соопштија дека вакцинацијата ќе ја вршат овластените ветеринарни друштва заклучно со 31 мај. Со 230 илјади дози од вакцината, донација од Европската Унија, опфатена ќе биде целата популација говеда во земјата.

Агенцијата за храна и ветеринарство смирува дека болеста јазлеста кожа во земјата засега е ставена под контрола благодарение на претходните вакцинални кампањи и засега нема појава на нови случаи. Последниот случај на оваа болест кај говедата, по појавувањето во 2016 година, евидентиран е во јуни 2017 година во Кривопаланечко.

Паралелно со вакцинацијата на говедата против јазлеста кожа, во ветеринарно-информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе се внесуваат географските координати за секоја одгледувачница одделно со цел олеснување на постапката за контрола и исплата на субвенциите за сточарите.

За да се добие реална слика за бројната состојба на оваа категорија животни во фармите на цела територија на Македонија, ветеринарните друштва ќе ги ажурираат и податоците за бројната состојба на говедата во фармите, а со овој процес првпат во земјата ќе се спроведе и попис на копитарите (коњи, магариња, маски и мулиња), активност што е планирано да заврши до крајот на летото.

Спонзорирано: