3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Едночасовна пауза во Собранието, Џафери го прескокна законот за јазиците

По барање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Собранието, Талат Џафери, даде еден час пауза на седницата која траеше околу половина час, а на која на дневен ред е законот за јазиците. Додека опозицијата извикуваше: „Пауза, пауза“, пратениците од владејачкото мнозинство изгласаа измени во Законот за минерални суровини и во Законот за продажба земјоделско земјиште. Џафери го прескокна законот за јазиците кој беше прва точка на дневен ред.

ВМРО-ДПМНЕ побара пауза на седницата за мандатно-имунитетната комисија да се изјасни за амндманите

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, петнаесет минути од собраниската говорница објаснуваше дека деловникот и Уставот се прекршени, бидејќи не се дозволува разгледување на амандманите. Тој во своето излагање ја спомена и УЧК, по што реагираа пратениците.

„Собранието е свесно дека носи неуставен закон, пратениците се свесни дека кршат деловник. Отворам спор за примена на деловникот и барам од комисијата за мандатно-имунитетски прашања да каже дали може или не може да се поднесуваат амандмани. Вашето тврдење дека Собранието не е должно да разгледува дали законот е уставен е неточно, тоа е исто како работници од фабрика да не кажат дали производите се расипани или не“, рече Димовски.

Димовски му се обрати и на Џафери дека тој што седи на претседателскиот стол треба да зачува ред, да постапува според закони и Устав. Тој му рече на Џафери доколку му се важни партиските барања на ДУИ, тогаш да продолжат со незаконско работење.