20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Синдикалната организација на „Саса“ најавува штрајк в среда

Синдикалната организација на рудникот „Саса“, која е членка на синдикатот МЕСО, најави штрајк в среда. Некои од барањата се зголемување на платите до 20 проценти од нето-добивката на рудникот, подобрување на условите за работа, регулирање на стажот и работното време.
Штрајкот ќе почне пред управната зграда во 7 часот. Еден час претходно планирано е да се одржи и протест од автобуската станица на патот што води кон рудникот. „Повикани беа работодавците да преговараме, но, за жал, очигледно тие не сакаат социјален дијалог и спогодба за решавање на правата на работниците“, изјави Драги Јовановски, претседател на синдикатот МЕСО. Одлуката за штрајк е потврдена и од страна на Собранието на рударската синдикална организација, на кое учествувале над 280 рудари.
Спонзорирано: