9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Силен град со големина на орев вечерва го погоди Куманово – ова е состојбата

Силен град и пороен дожд вечерва нешто пред 20 часот го погодија Куманово.

Невремето кое беше проследено и со силни грмотевици направи хаос во градот.

Големи количини вода предизвикани од пројниот дожд се слеваат во улиците кои се наоѓаат во самото централно градско подрачје.

Инаку од УХМР најавуваат дека утре во крајните западни и источни делови ќе има локални врнежи од дожд со ретка појава на грмежи и ќе дува засилен западен ветер. В

о среда и четврток во поголем дел од земјава ќе се задржи суво време.

Нови врнежи од дожд се очекуваат во петок, а особено за време на викендот кога ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Спонзорирано: