15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Лего бара работници за работа од соништата: Играјте си со коцки за 25.000 евра

Леголенд центарот во Бирмингем е во потрага по нов мајстор.

Едно лице ќе има прилика да го искористи знаењето и праксата, и да работи работа од соништата – да си игра со Лего коцки.

– Сакате Лего и имате доволно магија во себе да им приредите на децата искуства со нови модели? Сакате да ширите радост и задоволство околу себе? Пријавете се и придружете се во тимот Мерлин во Леголенд центарот, стои во објавениот оглас.

Описот на работата е прилично јасен. Избраното лице ќе поминува време сложувајќи импресивни градби во Лего центарот за истражување во Бирмингем и ќе биде платено околу 25.000 евра годишно.

Бројот на пријавени веќе преминал 5.000, а од Леголенд велат дека тоа не ги изненадило.

Спонзорирано: