21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

„Катимерини“: Разговорите за името забавија, неизвесна е посетата на Коѕијас на Скопје

По силниот старт, разговорите меѓу владините претставници на Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) во врска со спорот за името значително забавија, бидејќи Атина чека значајни отстапки од Скопје за клучните барања на Грција за промени во уставот на ПЈРМ, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Понатаму во текстот пишува дека имало надежи дека грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, ќе го посети Скопје, но падот на динамиката на разговорите го одложило патувањето на неодредено време.
„Оваа недела Коѕиас треба да зборува на Универзитетот во Бостон и така не би можел да патува во Скопје. Меѓутоа, разликите што продолжуваат да ги одделуваат официјалните претставници на Грција и на ПЈРМ може да значи дека патувањето нема да се случи до крајот на март. Патувањето на Коѕиас, кога ќе се случи, ќе биде првиот директен лет од Атина до Скопје по 12 години“, пишува „Катимерини“.
Во меѓувреме, дипломатите внимателно ќе ја следат денешната посета на Скопје од страна на американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел, кој в четврток ќе отпатува во Атина.
„Во изјавата објавена пред неговото патување, Стејт департментот рече дека Мичел ќе ја потврди поддршката на САД за евроатлантските аспирации на ПЈРМ и за тековните преговори со Грција. И покрај тоа што ПЈРМ ги следеше ветувањата да направи симболични промени – како што се промена на имињата на меѓународниот аеродром во Скопје и на клучниот автопат, грчките власти се загрижени поради отсуството на каква било промена во суштинските прашања“, пишува во текстот.
Континуираното одбивање, продолжува текстот, од страна на премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, да ја разгледа можноста за ревизија на Уставот на неговата земја поради загриженоста на Грција за иредентистичките референци е клучно.
„Заев, наместо тоа, инсистираше на изготвување на меѓународен договор, истакнувајќи дека, во секој случај, неговата влада го нема потребното парламентарно мнозинство да протурка какви било уставни измени. Грчките власти тврдат дека Заев може да ги убеди пратениците да ги донесат уставните реформи“, пишува „Катимерини“.
Спонзорирано: