5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Врв на несериозноста е опозицијата да ги спречува реформите во земјата, смета Османи

Не доцнат реформите, доцнат неколку закони во делот на правосудството. Не доцнат поради законот за јазиците, туку зошто опозицијата не е во законодавниот дом, рече денеска вицепремиерот Бујар Османи.
„Моите информации се дека има прогрес во делот на усогласување на законите во делот на правосудството. Апсолутно, законот за јазиците не беше пречка за носење на другите закони. Опозицијата сметаше дека не треба да се донесе законот за заштитени сведоци и слично, во последно време имаме најави дека опозицијата ќе ги спречи реформите во правосудството ако се изгласа законот за јазиците, а тоа е врвот на несериозноста. Изјавата да се собереме моноетнички за да спречиме нешто од Рамковниот договор е страшна“, рече Османи во однос на најавите на нејголемата опозициска партија.
Вицепремиерот истакна дека Владата одлучила што сака да постигне на крајот од мандатот, а тоа, како што рече, е Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО.
„Нема да направиме компромис со овие цели и со плановите што сме ги поставиле за нивно постигнување, а новата структура на ВМРО-ДПМНЕ не смее на овој начин да подига меѓуетнички тензии“, изјави Османи.
Спонзорирано: