11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Борисов ќе маршира на скопските улици, потоа ќе ја проследи седницата во Собранието

Бугарскиот премиер Бојко Борисов заедно со премиерот Зоран Заев и претседателката на Еврејската заедница во Македонија, Берта Романо Николиќ, ќе маршираат од пред Музејот на град Скопје до зградата на поранешниот монопол. Маршот на живите е посветен на депоратираните 7.144 Евреи.
Бојко Борисов е првиот бугарски премиер што ќе учествува на одбележување на годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија.
Делегациите денес ќе ја проследат и пленарната седница во Собранието посветена на депортацијата на Евреите во логорот Треблинка. Во официјалната бугарска делегација најавени се и претставници на еврејската заедница во Бугарија.
Овие активности се во рамките на одбележувањето 75 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка.
Спонзорирано: