4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Гром удри во црква – има многу мртви

Најмалку 16 луѓе загинаа а над 140 се повредени кога гром удри во христијанска адвентистичка црква во Руанда, објави Би-Би-Си.

Локалните власти соопштиле дека поголем дел од жртвите настрадле веднаш по ударот на громот во црквата, додека дури 140 луѓе се пренесени во болница.

Несреќата се случила вчера во планински регион на Руанда, во близина на границата со Бурунџи, кога верниците биле на служба во црквата.

„Докторите велат дека само уште тројца се во критична состојба, а дека останатите се опоравуваат“ рекол локалниот градоначалник, Хабитегеко Франсоа.

Христијанско адвентистичката црква или Црква на Адвентистите на седмиот ден, е протестантска верска заедница, која го темели верувањето исклучиво на Светото писмо, додека во целост го отфрла Светото предание како во традиционалните цркви.

Слична несреќа се случила во петокот кога гром удрил во група од 18 ученици, при што еден загинал.