10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сириската армија со помош на Русија извела незапамтена офанзива: Во Гута владее пекол

Сириската војска го пресекла патот помеѓу градовите Дума и Хараста и така ги изолирала во последната бунтовничка енклава Источна Гута.

„Ја изолираа Дума од остатокот од Источна Гута, по што презедоа надзор на патот кој го поврзува тој град со Хараста на запад и локалитетот Мисрабом на југ“, објави Сириската опсерваторија за човекови права во саботата.

„Режимските сили успеале да ја поделат Источна Гута на три дела: Дума и нејзиното предградие на север, Хараста на запад, а остатокот се јужните локалитети“, наведува Опсерваторијата.

Агенциите јавуваат дека попладнево Дума била изложена на воздушни и артилериски напади.

Силите на сирискиот претседател Башар ал Асад се обидуваат со офанзива од големи размери да го освојат тоа последно подрачје кое бунтовниците го држат речиси на вратите на Дамаск и веќе преземале половина од енклавата која има 100 квадратни километри.

Офанзивата почнала со воздушна кампања со голем интензитет. По воздушната кампања следеле копнени напади на прорежимските сили и нивните сојузници.

Бунтовничките групи се обиделе, без успех, контраофанзива се до ова сабота кога тргнале да се повлекуваат под дождот од бомби.

Спонзорирано: