11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Швајцарија домаќин на состанокот меѓу Трамп и Ким?

Швајцарија е подготвена да биде место за разговор меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп, соопштено е од Берн.

„Швајцарија разговара со сите заинтересирани страни“ рекла Кароле Велти, портпаролка на министерството за надворешни работи на Швајцарија, која додала дека конечната одлука за тоа каде и кога сакаат да ги водат разговорите, треба да ја донесат двајцата лидери.

Но, сепак, дали ќе дојде до средба меѓу Трамп и Ким се уште е неизвесно.

Швајцарија досега три пати фигурирала како домаќин за состанок меѓу претставници на САД и на Северна Кореја во Женева. Швајцарските медиуми потсетуваат дека Ким дел од својата младост ја поминал во Либефелд, место меѓу Берн и Кениц и дека во тоа време дури и добро зборувал германски јазик.

Спонзорирано: