20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Рашфорд ги „реши“ Ливерпул

Маркус Рашфорд како да сакаше да покаже дека треба да биде постојано стартер во тимот на Жозе Мурињо, откако во 10 минути постигна два гола и беше одлучувачкиот човек во 2:0 победата на Манчестер јунајтед над Ливерпул во големото англиско дерби.

Мечот на „Олд Трафорд“, Мурињо го започна со при замени од претходниот меч – Ерик Баи на местото на Виктор Линделоф, Хуан Мата на местото на повредениот Пол Погба, и можеби најзначајно, Маркус Рашфорд напред заедно со Ромелу Лукаку, додека Џеси Лингард остана на клупата.

Довербата човекот од академијата на Јунајтед ја искористи уште во 14. минута, кога по еден пробив, упати фантастичен удар за да го совлада Кариус и да придонесе за делириум на преполниот стадион.

По двете пропуштени шанси на Садио Мане и Виргил ван Дајк на другата страна на голот, Ромелу Лукаку доби долга топка, која ја упати кон Мата, но по блокирањето од дефанзивците на Ливерпул, топката дојде кај Рашфорд, кој уште еднаш успеа да го совлада Кариус, овојпат со помош на Александер-Арнолд.

Ливерпул второто полувреме го започна многу подобро, креирајќи повеќе шанси со поголем посед на топката, а во 66. минута добија вистински подарок, откако Ерик Баи успеа да постигне еден од најсмешните автоголови во Премиер лигата, целосно збунувајќи го сопствениот голман Давид де Хеа.

Сепак, до крајот на мечот, Ливерпул не успеа да постигне гол и покрај тесните последни шест минути од судиското продолжение. Сега останува лошата статистика – „Црвените“ ги немаат добиено своите најголеми ривали од 2014 година, а сега остануваат и пет поени зад Јунајтед на третото место на табелата.

Спонзорирано: