14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ОЈО: Мерки на претпазливост за осомничениот од МВР

Основното јавно обвинителство Скопје, соопшти дека постапува по кривичната пријава против едно лице поднесена од Министерството за внатрешни работи.

„Осомничениот се товари дека ја злоупотребил својата работна позиција за спречување на службено дејствие и со тоа сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.“, соопштуваат од ОЈО.

Надлежен јавен обвинител оценувајќи дека се исполнети законските услови до судија на предходна постапка поднел Предлог за определување на мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, задолжително јавување пред надлежен орган, привремено одземање на патна исправа, забрана за издавање на нова патна исправа и забрана за преземање одредени работни активности што се поврзани со кривичното дело.

Судот го прифатил предлогот на обвинителството, и на осомничениот со решение му ги изрекол бараните мерки.​

Спонзорирано: