10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Од сјај до очај: Добитници на милионски лотарии, останале без ништо

Добивката на лотарија не ги решава проблемите. На некои добитници освоените пари им го уништиле животот!

Еден од нив бил Вилијам Пост. На лотарија во Пенсилванија 1988 година освоил 16.2 милиони долари. Негоавата бивша девојка поднела тужба против него во намера да добие дел од парите. Неговиот брат најмил платен убиец да го ликвидира него и неговата шестта жена.

Година подоцна, Пост должел милион долари, губејќи ги сите пари на лоши инвестиции. Потоа живеел повлечен живот со 459 долари месечни приходи. Починал 2006 година.

Вили Харт имал нешто повеќе среќа освојувајќи 3.1 милион долари на мичигенската лотарија 1989 година. Две години подоцна се разведил, го изгубил старателството над децата 1991 година, бил дури и обвинет за обид за убиство, но станал и зависник од кокаин. Целото свое богатство го потрошил на дрога.

Денис Роси 1996 освоила 1.3 милиони долари. Само единаесет дена подоцна се разведила без објаснување. Две години подоцна нејзиниот поранешен сопруг дознал за парите. Ја тужел бидејќи во нивниот развод и поделбата на парите не биле вклучени парите од лотаријата. Судијата му ги доделил сите 1.3 милиони долари.

Ендрју Витакер освоил 315 милиони долари на Пауербол 2012 година, по одбивањето на таксите добивката изнесувала 114 милиони долари. Околу 545.000 долари во кеш се украдени од неговиот автомобил. Неговото богатство исчезнало за четири години.

Некои истражувања покажале дека дури 70 отсто од добитниците на лотарија банкротираат за неколку години.

Спонзорирано: