10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Меси не игра поради „лични причини“, чека поднова?

Лионел Меси нема да биде во составот на Барселона за дуелот од шпанското првенство против Малага поради неодредени „лични причини“.

Барселона потврди дека рекордниот стрелец на клубот нема да биде во составот за дуелот со Малага во 20.45 и дека неговото место ќе го пополни новото засилување на клубот, Јери Мина.

Сопругата на Меси, Антонела треба да се породи со третото дете, така што шпекулациите велат дека тоа е причината за неговото отстуство. 30-годишниот Меси во февруари потврди дека чека син, кој ќе се вика Чиро, откако веќе има два сина, Матео и Тијаго.

Тимот на Барселона има осум поени предност на врвот на Ла лига, а против Малага не би требало да се почувствува отсуството на Меси.

Спонзорирано: