4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Чилаверт: Балак смрдеше, затоа никој не можеше да го чува

Легендата на Парагвај, Хозе Луис Чилаверт вели дека било пеколно тешко да се чува германскиот напаѓач Михаел Балак поради неговиот „ужасен“ мирис на телото.

Чилаверт, кој имаше 74 настапи за парагвајската репрезентација од 1989 до 2003 година и постигна импресивни осум гола и покрај тоа што беше голман, двапати со својата нација беше на СП во 1998 и 2002 година, и двапати до осминафиналето.

Во 2002, Парагвај загуби од подоцнежните финалисти Германија, и Чилаверт вели дека поранешниот играч на Баер Леверкузен, Баерн Минхен и Челси имал поинаква стратегија да ги држи да дистанца дефанзивците.

„Не можевте да дојдете до Балак поради тоа што смрдеше. Ужасно, апсолутно ужасно. Требаше да користи повеќе дезодорант или лимун! Можеби се работеше за стратегија, којзнае“, вели Чилаверт за „ЕСПН“.

Неблагодарната работа му припадна на Естанислао Струвај и Балак не постигна гол, иако Германија победи благодарение на голот на Оливер Нојвил во 88. минута.

Чилаверт исто така се осврна на дуелот со Роберто Карлос во 2001 година, кога му плукна во лицето на бразилскиот дефанзивец.

„Го плукнав кога ми кажа – Индијанец ве победивме со 2:0. Не можев да издржам“, вели Чилаверт.(Makfaks)