5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Германците итно бараат работници: Веднаш ќе вработиме 100.000 луѓе

Бројот на непополнети работни места во Германија достигна рекордна вредност од речиси 1,2 милиони во последниот квартал на минатата година.

Институтот за истражување на пазарот на труд (IAB) во Нирнберг наведува дека најголема побарувачка има за работници во преработувачкиот и градежниот сектор.

Германските градежни компании моментално бараат околу 100.000 работници од различни профили, пренесе хрватски Дневник.

Меѓутоа, недостиг на стручњаци се бележи во речиси сите сектори, а меѓу најбараните занимања се електротехничари, медицински техничари, програмери, инжинери од сите профили, како и класични занаети како лимари, водоинсталери.

Традиционално е силна побарувачката и за медицински персонал, а во последно време има недостиг и на инструктори за возење, што е поврзано со недостигот на возачи на автобуси и камиони.

Спонзорирано: