13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Антонио Милошовски со фејсбук статус каков што никој не очекуваше – еве што им порача на раководството на ВМРО ДПМНЕ

– Со сите суштински идеолошки разлики со него како социјалдемократ и контроверзите од неговиот влог во режираната „шарена револуција”, сепак треба да се каже дека вчера Милчин јавно и без тактизирање ги фрли критиките што кон власта би требало да ги упати лидерот на опозицијата, напиша пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски и додаде:

– за името и уцените
– за Грција и уцените
– за неверувањето во Заев и неговата уценетост
– за немањето реформи


– за неспособноста на Бујар и Садула
– за фаличноста на законот за двојазичност
– за можни протести на разочараните граѓани.. , итн


Видовме дека лукаво и организирано ја превземаа власта. Сега, доколку Милчин и неговите истомисленици продолжат со категорични критики кон власта, а водството на ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште „математички прецизно” тактизира, се плашам дека можат да ни ја превземат улогата и на опозиција.
Време е за став, без страв.

 

Статус на Фејсбук на Антонио Милошоски

Спонзорирано: